Денес на свечен начин во просториите на хотел Дрим се оддржа по ред 4-от конгрес на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ).
По повод оваа свеченост покрај присутните делегати од Месните Одбори на оваа партија, оваа свеченост беше збогатена со присуството на пратеници и представници од други политички партии, како г-динот Николче Ацески (НСДП) и пратеник во Парламентот на Р.Македонија, претставникот од Партијата за Целосна Еманципација на Ромите г-динот Самка Ибраимоски, представниците на СДСМ, , Либералниот Демократската Партија, Демократската Обнова на Македонија (ДОМ), представници на Дипломатскиот кор, представници на ОБСЕ и други организации.

На самиот почеток од овој конгрес им беше изразена благодарност на сите оние кои изразија да учествуваат во работата на овој конгрес и сите активности кои се повразани со неговиот тек.

Во контескт на овој конгрес уште на почетокот беше прочитан дневниот ред составен од 10 точки, според кои делегатите на овој конгрес требаа да одлучуваат и решаваат за одредени промени кои треба да се направат за подобар и поефикасен развој на оваа партија.
Во продолжение на сите присутни им се обрати претседателот на Партијата за Европска Иднина г-динот Фијат Цаноски, кој пред своето излагање, го изрази совоето задоволство и благодарност кон сите оние кои решиле да учествуваа во работата на овој конгрес, како и благодарноста на присутните гости, членови на другу политички партии и организации.
Во продолжение на својот говор, тој накратко се задржа на моменталната ситуација, во која се наоѓаат нашите граѓани. Тргнувајќи од било кој аспект (политички, економски и др…) Покрај тоа тој исто така потенцираше и на важноста од нашето заедништо затоа што како такви можеме да ја постигнеме единствената цел, која може да не вметне во Уставот на Р. Македонија, како нејзин констутативен народ, кој во секој случај ќе биде голем успех за сите нас, затоа што како такви ќе можеме да допринесеме, за нас, како и оваа наша заедничка држава.
Нашата единствена цел е да му докажеме на оваа наша татковина дека Торбешите како такви постоја и како такви треба да влезат во Уставот на оваа држава , доколку таа сака да се смета за Демократска држава на сите свои народи и националности. А, доказ за тоа е и нашето присуство во Парламентот на Р.Македонија, како торбеши, Јас, Мевмед, и Рејхан.
Зарем има поголем доказ за тоа дека постоиме, без разлика на тоа кој и што мисли. Меѓутоа ќе дојде и тој ден каде и ние ќе можеме да го побараме она што претходно ни било одземено, а, се разбира тоа зависи од вас, почитувани присутни, истакна г-динот Цаноски.

Во продолжение на конгресот свое излагање зеде и г-динот Џемајлоски Мевмед пратеник во Парламентот на Р.Македонија, кој своето кратко излагање го заокружи со барањето да се изгласа поднесениот предлог (иницијативата) за промена на Уставот на Македонија, во кој , како што рече тој, овој мој народ треба да го има местото кое го заслужува, како и сите останати малцинства во оваа наша заедничка држава што моментално го имаат.
Истата оваа иницијатива беше во целост потврдена и прифатена, а се разбира и изгласана од страна на присутните делегати на овој конгрес.
Во текот на конгресот се исцрпуваа сите предвидени точки од дневниот ред, притоа истите беа ставање на гласање како одобрување од страна на присустните членови, тргнувајчи од:
1. Избор на Работно претседателство
2.Избор на записничар и оверувачи на записник
3. Избор на верификациона комисија
4.Усвојување на деловникот за работа на конгресот
5.Извештај на претседателот за работата на Партијата помеѓу двата конгреси
6.Избор на претседател на партијата
7.Усвојување на партиската програма.
8.Усвојување на пречистениот текст на статутот нан партијата
9.Избор на членови наЦентралниот Одбор
10. Избор на членови на Надзорниот одбор на партијата.
Она што беше забележливо беше тоа дека поголемиот дел од присутните делегати со одредени образложенија ги прифатија и изгласаа сите точки од денвниот ред, односно потврдија нивната легитимност.
Покрај тоа Во однос на 6-та точка која се однесуваше на избор на претседател на партијата, како единствен кандидат беше изнесен г-динот Фијат Цаноски, истиот предложен претходно од страна на целокупното членство, со единствено образложение дека тој и понатаму треба да продолжи со раководење на оваа партија , каде со гласање-акламација на присутните делегати и овој пат се потврди уште еднаш неговата легитимност, односно тој и понатаму да остане претседател оваа партија, и истата да ја води во понатамошниот нејзин развој и претставување на овој народ во Македонија и пошироко.
Исто така во текот на конгресот беа донесени и потврдени одлуките од претходно изнесените кандидати, од страна на Месните Одбори, како идни членови на :
1.Централниот одбор
2.Како и Надзорниот одбор на оваа партија.
Притоа се разбира беа потврдени и поднесените барања за промена на статутот на оваа партија, истиот беше претходно доставен до делегатите, и по кратко негово разлагање истите промени беа прифатени, односно истиот беше изгласан.
На крајот ни беше потврдено дека овој 4-ти конгрес завршил според предвидениот план програма за работа односно беа реализирани и зацртани сите предвидени точки од дневнот ред, и со тоа се стави крај на уште едно поглавје односно се донесе почеток на уште еден чекор напред, пред се сметајќи на изборот на нови членови во работните тела на оваа партија, кои ќе треба да ја сфатат нивната сериозност за нејзиното понатамошно нормално функционирање на партијата и нејзиното опстојување на политичката сцена во државава и надвор.
Во прилог ви ги прикажуваме дел од забележаните фотографии:
[flagallery gid=4]
Dubai-portal.com.mk









