Врз основа ново настанатата состојба во нашава населба, во изминативе денови, настаната пред се како резултат на превземање на незаконските активности од страна на ЈКП Хигиена- Лабуништа, во заедничка соработка со Советот на Општина Струга,активности кои се однесуваа на незаконско превземање на Системот за Водоснабдување и комунални дејности од страна на ЈКП Хигиена, во заедничка и координирана соработка со Советот на Општина Струга, денес во нашата редакција се обратија претставници на Месната Самоуправа со следново известување до граѓаните на оваа наша заедничка населба:
ПРЕДМЕТ ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Согледувајќи ги сите неправди и валкани игри кои се обидуваат одредени лица преку своите екипи (ЈКП-Хигиена, и останати) да играат на наш терен, и истиот наш терен (Системот за водоснабдување и Комунални дејности) да го одтуѓат од нас, како нивни трофеј, а ние како легални претставници на нашава населба, избрани од Ваша страна и не сакаме да на нашиов терен играат екипи кои немаат, ниту малку почит кон своите, освен почитта кон својот интерес и мунафиклук.
ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НА ДЕН : ПОНЕДЕЛНИК (23, 12.2013 ) ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – ПОДГОРЦИ организираме ОПШТ СОБИР НА ГРАЃАНИ со почеток во 18.30 часот.
– Главна и основна точка на резгледување ќе биде објавување на резулатите односно потврдување на бројот на потпишани лица на претходно започнатата петиција.
– Како и Известување за начинот на доставување на истата заедно со Ваше присуство ( Мирен протест ) пред општина Струга, организиран за наредниот ден (вторник) 24.12.2013 година со почеток во 13.30 часот.
Заради тоа почитувани жители , Ве молиме за што помасовно учество на овој на ЗАЕДНИЧКИ СОБИР НА ГРАЃАНИ, како би можеле уште еднаш да им ставеме крај на ваквите неправди (мунафиклуци) кои се повеќе се надвиснуваат над нашава населба.
Покрај тоа за објавениот датум на организирање на Мирниот протест пред општина Струга на ден :24.12.2013 со почеток во 13.30 часот, ги ПОВИКУВАМЕ и ЖИТЕЛИТЕ НА ОСТАНАТИТЕ НАСЕЛБИ (Лабуништа, Боровец, Октиси. и сите оние кои сметаата дека треба да се стави СТОП НА НЕПРАВДАТА и СОПСТВЕНИОТ ИНЕРЕС НА СМЕТКА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД), ДА НИ ПОМОГНАТ ВО ОДСТРАНУВАЊЕ и ДОКАЖУВАЊЕ НА ОВАА НЕПРAВДА, и тоа ДА БИДЕ КАКО ПОУКА ДА НЕ ИМ СЕ СЛУЧИ ИСТОТО И НИВ, порано или подоцна.
Со почит !
Месна Самоуправа – Подгорци.
ДУБАИ ПОРТАЛ








