Како што претходно пред 10 дена објавивме дека во Основното Училиште Гоце Делчев – Подгорци, денес на наше барање од преставници (вработени ) во оваа установа добивме потврдни информации дека сеуште не е превземено никаква активност од страна на надлежните органи на Општина Струга, околу снабдувањето на училиштетот со потребната количина на нафта за греење.
Наставата се одвива отежнето, и таа воопшто не личи на наставно образовен процес, затоа што во просек учениците остануваат од 1-2 часа и со тоа не се исполнети планираните часови за изведување на наставата.
Како што ви реков, покрај тоа и во тие 1-2 часа децата буквално се смрзнуваат и со тоа доведува во прашање дури и нивнота здравствена состојба.
Во разговор со со нашите жители, веќе кај некои се пројавува и идеја од спречување односно не дозволување на своето-дете ученик да го испрати на настава доколку не се подобрат условите за нормално одвивање на наставата, изјави вработен во оваа училиште.
Сеуште не сме добиле никаква повратна информација поврзана околу овај проблем, а како ќе биде понатаму, господ знае,размислување на вработен во оваа училиште.
Како и да е оваа ситуација во ова училиште останува не разјаснета, и неодговорна од надлежните органи кои воопшто не излегуваат со некакво си образложение, ама едно е јасно дека и понатаму 400 ученици во Подгорци својата (не) настава ја оддржуваат на ( минус) -степени.










