Само за Подгорчани : Наместо 500 ќе плаќаш 2100 денари !!

0
164

Почитувани, следејќи ги последните настани поврзани со одлуката на Советот на Општина Струга, според која системот за водоснабдување на населба Подгорци како и Комуналните дејности, се земаат од управување од страна на Месната Самоуправа – Подгорци, и ставаа под контрола на Про- Аква Струга и ЈКП-Струга, а пред се врз основа добиените инормации од страна на група граѓани на оваа населба Ви ја презентрираме споредбата за наплата на потрошена вода и комунални дејности, односно ( Колку ќе наплатува Про- Аква и ЈКП) и колку моментално се наплатува денес преку Месната Самоуправа Подгорци.

Притоа сакаме да напоменеме дека овие износи на висина на цени на вода (м2) и комуналии (м2) се добиени од корисници на услуги на овие претпријатиа во Општина Струга .

 Во прилог ви прикажуваме споредување на сметките кои се наплатуваат и кои би се наплатувале.

Како изгледа сметката на едно домаќинство во Подгорци кое потрошило 20 м2 вода:

.1.20 (м3) вода х 15 денари = 300 денари.

2. 200 (м2) стамбен простор и канализација оддржување  70 денари паушал
3. 200(м2) стамбен простор собирање на ѓубре 130 денари и оддржување на хигиена
ВКУПНО = 500 денари
Како ќе изгледа сметката на едно домаќинство во Подгорци ,кое потрошило 20 м2 вода, а кога ќе наплатува ПРО-АКВА -Струга и ЈКП – Струга:
1. 20 (м3) кубни вода х 45 денари = 900 денари
2. 200 (м2) стамбен простор х 3.5 денари = 700 денари
3. 200(м2) дворно место х 2.5 денари = 500 денари
    ВКУПНО = 2100,00 денари. (Оволку ќе треба да му платите на ПРО-АКВА и ЈКП – Струга)
Разликата во износи е повеќе од очигледна !
Е, сега почитувани Подгорчани, дали ќе дозволиме некој да ни го одземе она што со години некој макотрпно го градел (таковци,дедовци, браќа….) , и во кое сме вложиле свој труд и сресдства.
Одлуката која е донесена за превземање на оваа активност, не е конечна, односно само Ние како такви можеме да решиме дали ќе останеме доследи на она што ни оставено во аманет или не. Односно да не дозволиме со нашето брашно да се пече лебот и истиот да ни се наплатува.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here