За вистината за која Дубаи Портал предупредуваше пред 5 месеци, а се обелодени денес.

0
194

Почитувани наши сограѓани врз основа добиеното известување од страна на Месната Самоуправа Подгорци, а кое се однесува на одлуката на Сообранието на Општина Струга, со кое се превземаат сите ингеренции околу работата на системот за водоснабдување во населба Подгорци, односно со таа одлука се предвидува сите ингеренции да подпаднат под ЈКП Про-Аква- Струга, а наплатата да се врши преку ЈП Хигиена Лабуништа.

 

Во разговори со членови на Месната Самоуправа Подгорци, ни беше ставено до знаење дека воопшто не се задоволни од ваквата одлука на Собранието на Општина Струга во врска со оваа активност, од која најмногу ќе бидат погодени жителите на оваа населба.

Покрај тоа во разговор не известија и дека наскоро, во уптрешниот ден ќе  свикаат состанок на  советот Месната Самоуправа Подгорци, од каде што ќе се донесат конечни одлуки за одговор на ваквата одлука на Собранието на Општина Струга, а воедно и активностите што ќе бида превземени понатаму.

Покрај тоа, почитувани жители, Редакцијата на Дубаи Портал, сака да Ве извести дека вакви активности во врска со системот за водоснабдување беа планирани уште пред неколку месеци, а од кои причини не се направи тогаш, останува непознато.

Сепак, познато е тоа дека Дубаи Портал уште пред речиси неколку месеци ( 07.16.2013) предупредуваше во еден свој текст пост за ваквата активнос која наскоро треба да се реализира во населба Подгорци.

Во прилог на овој пост ви го објавуваме линкот кој ќе ве насочу на архивата на овој портал кога беше објавена оваа вест како еден вид предупредување и што може да не снајде доколку се реализира. Линк за посета:  http://localhost/?p=18304

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here