Според официјални представници на ОУ Гоце Делчев – Подгорци, од вчера 10.12.2013 год,наставата во оваа училиште се извршува со намален -скратен временски термин на траење на часовите од по 15 минути.
За Дубаи Портал представници на оваа училиште, изјавија дека ваквата одлука е донесена врз основа ниските температури кои преовладуваат во нашава населба, а и пошироко, пред се заради не навремено обезбеден дотур на нафта за греење на оваа училиште од страна на надлежните органи на Општина Струга.
Во ниту еден случај не смееме да ја доведиме прашање здравствената состојба на нашите ученици, бидејќи моментално немаме ниту еден литар нафта во нашот резервоар со кој би се извршило затоплување на просториите каде што се одвива наставен процес.
За ваквата состојба информирани се сите надлежни органи во нашава општина, тргнувајќи пред се од: надлежните органи на Општина Струга, кои се задолжени за функционирање на училиштата кои гравитираат во оваа општина како и навремено обезбедување на на училиштата со нафта, покрај тоа известини се и државниот инспекторат за образование, и Министерството за Образование на Македонија.
Ваков тек на наставата ќе се одвива и во наредните неколку денови, а доколку дојде до паѓање на температурите, не се исклучува и можноста од прекин на наставата во оваа училиште доколку истото не биде снабдено со потребните количини на нафта.
И покрај нашите доставени барања, досега не сме добиле никаков потврден одговор од ниту еден надлежен орган.
Неофицијално од сигурни извори, Дубаи Портал, дознава дека уште пред извесен период (недели) Општина Струга ги има снабдено со одредена количина (различна) сите училишта во оваа општина, за разлика од оваа училиште во Подгорци, каде по се изгледа повторно политиката вмешува прсти и во прашање се доведува нормалниот тек на наставата.
Ваквата одлука донесена од оваа училиште е потврдена и од Советот на Родители, кои во ниту еден случај не сакаат да го доведат во прашање здравјето на сите ученици, и се разбира да ја поддржат одлуката за редуцирање на наставниот процес, како и можноста од целосно прекинување на наставата доколку се јави потреба од тоа.








