Во рамките на посетата на Општина Струга, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија г-дин Бранко Раковец придружуван од неговите советници , ја посетија и приватната компанија ПОДГОРКА- Струга, која е долго годишен генерален застапник и преставник на три еминентни Словенечки компании : Перутнина Птуј, Цељске Меснине, и Млекарна Целеиа.

Средбата и разговорите се одвиваа во просториите на оваа компанија, каде амбасадорот Раковец, од страна на генералниот директор на оваа компанија г-дин Мехмед Џемајлоски беше запознат со долго годишната соработка и начинот на работа на оваа компанија со словенечките фирми, чији производи преку ПОДГОРКА се дистрибуираат на Македонскиот пазар, како и од продлабочувањето на сегашната и идната соработка на оваа компанија со Словенечките Компании.
Во текот на разговорот Господинот Раковец беше пријатно изненаден и од информацијат што ја слушна од г-динот Мевмед Џемајлоски за плановитѕе во наредниот период на партнерстко вложување во нови ивестиции (производни погони) за месо и сувомеснати производи на територијата на општина Струга.
Обострана констатација беше дека на Р.Македонија и се потребни итоа, како вакви ивестиции кои што ќе одат во правец на намалување на невработеноста.
За таа цел Амбасадорот изрази подготвеност и сите вработени во амбасадата дека ќе бидат на располагање да ги помогнат ваквите компании кои што работат успешно повеќе од 20 години на Македонскиот пазар.
Во текот на оваа средба Амасадорот Раковец беше запознат и со останатите работи повразани околу начинот на функционирање на оваа компанија, притоа истовремено ги посети и останатите простории каде што беше запознат со начинот на одржување на квалитетот на целокупниот асортиман на производи од словенечките производители, која ова компанија ги претставува на Македонскиот Пазар.
Dubai-Portal.com.mk










