Mесна Самоуправа – Подгорци : Известување ( 27.11.2013)

0
181

Во прилог на овој пост, Ви ги презентираме извесувањата доставени до нас, од страна на представниците на Месната Самоуправа – Подгорци, како заклучоци донесени на синоќешниот останок, а се однесуваат на информирање на жителите на оваа населба.

СОДРЖИНА НА ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Почитувани, советот на МС Подгорци ги информира граѓаните на населбата Подгорци дека во својата план програма имаше за цел средба со луѓето кои подолго време не си ги подмирувале своите долгови за користење на вода, канализација и собирање на ѓубре. Секој посебно писмено се повикува на средба со советот на М.С. Подгорци како би се разгедале причините како и можното решавање на проблемот. Можеме да се пофалиме дека еден дел од тие фамилии веќе нема да го бојкотираат плаќањето и потпишаа претходно составен договор со М.С. Подгорци за плаќање на сите наредни тековни сметки како и секој месец давање на плус пари во зависност од можностите како би си ги расчистиле долговите за претходно споменатите користени добра без кои не може да се замисли нормалното секојдневие.
Иако сите сме свесни за финансиската актуелна ситуација ние се надеваме дека и оние повикани кои не се појавиле на состанот дека ќе проработи совеста и ќе дојдат да разговараме и да го надминеме проблемот, а со тоа си помагаме себеси а го помагаме и нормалното функционирање на населбата.

Исто така, советот на МС Подгорци ве известува дека т.н. мртви полицајци поради зимските услови и недоаѓање на фирмата изведувач да ги поправи денес ќе бидат пресечени на страната каде возилата се движат нагоре кон селото како не би имале застој и препреки во сообраќајот, а што се однесува до зимското одржување и расчитување на улиците во и надвор од селото се работи и на тој случај и наскоро ќе ве информираме најточно како тоа ќе функционира.
Со почит, совет на МС Подгорци, претс.Реџоски Мирсад

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here