Еве, малку посериозниот снежен бран ни донесе снег и во нашава населба, се разбира и околните населби , Лабуништа, Октиси,Боровец.
И, се разбира наликува на вистински почеток на една зима, се разбира зима без снег не е зима.
Како и да е, за децата радост, а за возрасните…??
Моментално овој снег не претставува никаква пречка во нормалното одвивање комуникацијата во населбата, а врнежи со помал интензитет се очекуваат и наредните два дена, се разбира во ноќните часови појава на ниски температури, а на отворените делови можност од појава на повремена поледица особено во утринските часови.

Што се однесува до населба Подгорци, денес побаравме информација од надлежните органи од Месната Самоуправа Подгорци, која се однесува на кој начи и како оваа година ќе се решава проблемот со чистење на снегот, и ослободување на локалните патишта. Од страна на претседателот на Месната Самоуправа -Подгорци, г-дин Мирсад Реџоски, ни беше кажано дека се во тек со настаните во врска околу почетокот на зимската сезона, дека обезбедена е мала количина на сол, која што би можела да биде употребена доколку дојде до нагло паѓање на температурите и појава на голомразица.
Во однос на генералното чистење на локалниот пат од делот вика Орешки па до влезот на населба Подгорци, како и околните патишта низ населбата, истиот не информира дека веќе пред неколку денови е контактирано со представници на надлежните одргани на Општина Струга, околу оваа активност која се превзема секоја година, се разбира на инизијатива на Месната Самоуправ, и дека такво барање за вистинко и незакаснето реализирање на оваа кативност доколку дојде до врнежи од снег, а сто тоа да се доведе во прашаење нормалното одвивање на работите-активностите на граѓаните на оваа населба, ќе биде доставено барање до надлежните органи, на општина струга, иако претходно е разговарано на оваа проблематика, истакна претседателот на МС-Подгорци г-дин Мирсад Реџоски.
Со сосема поинаков проблем се соочува ОУ Гоце Делчев – Подгорци, кое за жал според информации од представници на оваа училиште, оваа година проблемот со решавање на снабдевањето со нафта за греење не е решен, т. е оставени сме на милост и немилост, а и не располагаме со соодветни резерви на нафта, така да многу лесно може да дојде и до скратување-или прекинување на наставата доколку дојде до нагло опаѓање на температурите, и со тоа доведе во прашање нормалниот тек на Образовниот процес, истак преставник на оваа училиште.
Од друга страна од наши извори дознаваме дека Општина Струга сеуште не ја има решено оваа проблематика околу снабдување на училиштата со нафта и во околните училишта.
Од општината претходно изјавија дека треба да се објави тендер за набавка на нафта, односно фирма која ќе ја извршува оваа работа, што значи оваа година барем до сега училиштата во Подгорци а и околните населби се оставени во незивеснот од снабдување за нафта, а и исто очекување да не дојде до паѓање на тепмературите, барем да се искористи уште толку нафта колку шро останало од минатата грејна сезона.. ако останало??
Дубаи Портал.










