По повод предстојниот 4-конгрес на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ) вечерва во 18.30 часот беше оддржана средба на членовите на оваа партија, и нејзини симпатизери.
На оваа средба покрај членовите и симпатизерите на оваа партија, присустваше претседателот на оваа партија г-динот Фијат Цаноски, како и останатите претставници на централниот одбор, а се разбира и пратениците во македонскиот парламент, г-динот Мевмед Џемајлоски, г-динот Рејхан Дурмиши, како и гости од останатите месни одбори на оваа партија.
На оваа средба беше разговарано за организирањето н оддржувањето на предстојниот 4-конгрес на ПЕИ кој треба да се оддржи на 28-декември 2013.
По тој повод пред присутните членови и симпатизери беше прочитана листата на делегати од населба подгорци, членови на оваа партија кои ќе учествуваат во гласањето за избор и промена на одредени органи на оваа партија на предстојниот конгрес.
Во продолжение на средбата свое излагање подденакво завзедоа сите присутни гости и членови на оваа партија, притоа потенцирајќи на важноста од решавањето на торбешко малцинство кое наскоро ќе биде признаето ос траната на властите на Р.Македонија и дека со започнување на преговорите за прим на Македонија во ЕУ, тогаш согласно законите за заштита на малцинства под 20% лесно во уставот на Македонија ќе влезат и торбешите, со што на некој начин ќе започнат да влијаат на политиката и развојот на оваа држава, како и ангажирање – вработување на представини од оваа малцинство.
Покрај останатите свое излагање зеде претседателот на Румелија -Торбешки Културно Научен Центар, г-дино Шериф Ајрадиноски, кој во кратки црти ги опиша – претстави своите средби со претставници на други малцинства и организации во Македонија и пошироко (Албанија,-Косово- Бугариј), и во таа пригода да им го прикаже и постоењето на оваа малцинство.
Покрај ова, кон претставниците на Централниот одбор упати и одредени критики во нивниот начин на работење,, особено пред завршените локални избори.
Свое видување секако имаа и присутните членови кои укажаа на одредени промени кои треба да се направат во работењето на одредени тела на оваа партија, како и промени и надополнување на одредени делови од статутот на оваа партија, како би станала по ефикасна во својот начин на работење, притоа во тоа свој допринос да дадат сите членови на оваа партија и истите да бидат образложени на предстојниот конгрес.
После кратките разговори и согледувања од страна на сите присутни, оваа средба беше завршна, и му беше заблагодарено на представниците ( претседателот на ПЕИ, пратениците и присутните гости ) за нивното присуство и допринос во работата на оваа средба на Месниот Одбор на ПЕИ – Подгорци.
Според предвидената Агента во 20.30 часот представници на оваа партија (Цнтралниот Одбор, и надворешните гости) се упатија на средба со представници на членови и симпатизери на Месниот Ограно на ПЕИ – Лабуништа.
ДУБАИ -ПОРТАЛ.










