Ни пристигна првиот Снег…

0
189

Еве веќе денес 23-24.11.2013 година нашата Подгорчека планина беше покриена со снег, за прв пат оваа година, се разбира како почеток на зимата.

Како и да е пејсажот во делот над бараките и нагоре, делови кои што им се познати на нашите Подгорчани, беа покриено со бела покривка.

Според информациите на нашите љубители на планината, ни изјавија дека што повеќе се оди нагоре висината на снегот е се поголема, и таа во некои делови се движи од 10-20 см особено над надморска височина од 1800 метра.

Од нашава населба веќе многу јасно може да се забележи како повисоките делови веќе се покриени со снег.

Според прогнозите и вечерва се очекува да има мали падавини на снег, а температурите ке се движат некаде околу минус.

Исто така надоврзувајќи се на информациите од другите Портали засега најмногу снег пада на планината Јабланица 23 см и истите се спуштени на височина од 1700 метра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here