За гревот на нашите Лабуништани и Подгорчани, Господе опрости им не знаат што им се случува ??

0
325

Најпрво би сакал админот доколку постои можност да не врши некакви корекции од мојов текст за да не се наруши неговата тежина на изнесеното.

И навистина ќе му бидам благодарен како за истиот најде простор да го објави.

Како прво, еве веќе неколку денови по сите портали исклучиво зошто не знам само на Дубаи Портал не се лиферуваше веста дека на 28.ноември во Лабуништа ќе биде поставен јарбол со албанско знаме, ама нејсе да продолжам понатаму.

Јас сум против поставување на било каков јарбол без разлика дали ќе е Албански,Турски,Македонски,Торбешки, Ромски… и понатаму.

Пред два дена во една наша чајџилница наслушнав разговор од типот: , леле бате кога ќе го опниме јарболот, други пак нека пукнет душманите од Подгорци, и доста  доста.. работи.

Се позамислив и си излегов од таа просториија зашто иште не бев свесен со кого живеам во оваа наше село, а се разбира мислам дека има такви и во останатите села (Подгорци,Октиси Боровец..)

Ама нејсе, си реков: море до каде стигнавме, дали има нешто подолу од дното каде што може да слеземе и да се покриеме никој да не не гледат.

Ајде бре браќа гледајте си ја работата, зарем не гледате што ни се случува, четвртина од печалбарите како да е месе август сите се дома.. чајџилниџите се полни, кој плаќа, кој се пишит  и така понатаму.

Наместо да му се молиме на Аллах да ни дајт сабур и разум да ни се отворит барем гурбетот што тој ни останал, ние се занимаваме со политика, и секој не фарбат, ова ми изгледа како да ни поставуваат наочари за 3Д технологија а ние гледаме сеуште со нив во обичен телевизор.

Изминаа доста години, и досега, (зборувам за Лабуништа) горе долу се знае што се направило и како, и никако да се освестиме, што сеуште може да не снајде.

Да се вратиме еве барем колку што не служи памтењето, неколку месеци наназад,,

Што добивме со новата Локална Самоуправа – Струга:

 

1.1 Ајде да почнеме од за време на кампањата се ветуваше се и сешто и што се случи:

1.2 Си поставивме (божем ние лабуништани) претседател на советот и многу се израдвавме. ,

1.3 Божем некакви си протести за кражба на дрва ( А ,дрвата сами си ги крадевме, исто како и оние во Подгорци)

1.4 Наместо предвидениот кандидат за директор на ЈКП Хигиена во изборната кампања, поставивме друг. (Да не беше момењето ќа се усрамевме)

1.5 Се отворија многу афери околу изградбата на фамозната сала. Таа ни постана како место за покусвење, кој и да доједе не потсетува на неа, ама нас никако да ни текне.

1.6 Си падна тендерот за превоз на ученици.

1.7. Тепачка пред Општина струга. Овој пат шучур му на Аллах не беше вмешан само Лабуништанец туку и Подгорчанец. ( Шуќур трипати заш уште ако двајвата беа од Лабунишат ќе се усрамевме пред Струшката јавност) Остај што се тепаме во Лабуништа , ќе излезевме и на повисоко општинско ниво.

1.8 Самоволна промена на членови во управниот одбор на ЈКП Хигиена (А, бе бате не те сакам и мрш од тука,овде треба да има поштени луѓе) арно ама финтата за промена не успеа, па ајде со помош на нашиот претседател да го направиве на повисоко ниво во Струга, за да видет кој сме ние, и се напрај што се напрај, и замислете кој го туркаше сето тоа ?? се разбира наш Лабуништанец, самите си ги копаме очите .

1.9 Следно беше тепачката во раководството на ЈКП Хигиена ( некој имал, некој немал долг)

2.0 Расправии со џамиските меџлиси. (поделби како од една така и од друга страна)

2.1 Ни подзакрпија некоја дупка и пукнавме од ќеој, а никој во Општината не опитвит зош Лабуништа не е е во план програмата за целосна реконструкција на патиштата. (Како Биџево и некои други села).

2.2 Додека кај нас се крпи (ама велат дека денес крпеното било во мода), неко како од нашата соседна општина и мини сокачињата ги асфалтираат.

И сега последно се сретнавме со текстот со наслов Наместо сала добивме Депонија.

Абе убо, е што добивме и депонија, за да го фрламе ѓубрето барем да не ми мирисат мене, а за другите ич не ми е гајле..

И додека ние меѓусебно се јајме како паразати, а изгледа и паразити сме.. другите веќе и држави си правет, ако алал да им е.

Што ќе не најт уште не знам, ама едно е сигурно убо со ваков ум нема да не најт.

Како и да е за да се поставит јарбол или некакво обележје народот треба да е заслужен барем за тоа, ама се прашва што заслуживме ние ??? Дали заслужи нешто народот ??

Едно е јасно .. Заслужуваат само некои за своите интереси, а се разбира таквите ќе продолжат и понатаму..

За нас е најдобро како кај евреите да се постави објект како  зид на плачот, зид каде што наместо ќа плачиме туку да си ја удираме главата, додека не не здоболит.

Ама ние Лабунштаните и тука ќе напрајме финта, ќе си поставиме шлем на главата, и ич нема да не боли.

А, за овие од Подгорци, засега знам дека и тие не добиле баш ништо:

1. Директорот на училиштетот му го сменија

2. Се појавила една група па успеале по законски пат да го надмудрат градоначалникот па си го вратија директорот, (не сум знаел дека во Подгорци има мажи и со вакви ја…а)

3. Слушнав дека по заслуга на Паша Сејо му ја зеле лиценцата за превоз на ученици, па божем му се заканале со релацијата.

4. И овде во Подгорци имаше протести за самокражба на дрва..

5. Повеќе не знам за Подгорци ништо.. можеби таму ништо не се случвит (ако имат вакви нешта тогаш молам некој нека напише нешто)

Како и да е едбај чекаме да дојде 28 Ноември  зашто после него Лабуништа ќе биде сосема поинакво, се ќе биде во ред, ( сите ќе се сакаме, нема да има караници, браќа ќе сме сите, никој нема да мисли лошо на никого, појќе нема да момиме и уште многу убај работи).

Абре браќа какви што сме на јарболот треба нас да не поставет, ама со главата надолу зада ни слезит умот во главата, заш изгледа умот ние го имама во нозете и само го газиме,газиме…..

Или за крај како што ми рече еден брат од кај нас: Абе бате, убај сме, има и полоши од нас.

Е, на што мислеше полоши тука не ми е јасно… по се изгледа овие моиве и осетот за убо и неубо го испомешале или него разлукуваат.

Испратено од : Сами82  (Член на Дубаи Портал.)

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here