Почитувани, врз основа информациите кои што беа доставени до ДУБАИ ПОРТАЛ, а кои се однесуват на шпекулациите околу кој и колку бил заслужен односно кој ја подтикнал акцијата за реконструкција (санирање) на патната инфраструктура во и надвор од населба, се огласија од Месната Самоуправа-Подгорци, организација која што се грижи за целосната инфраструктура на оваа населба како и нејзинот развој.
Во прилог на овој пост, сакаме да Ви укажеме во целост да ја знаете вистината за почетокот на оваа активност која заврши во неделата.
На 30.10.2013 година, представници на Месната Самоуправа -Подгорци, на средба со градоначалникот на Општина Струга г-дин Зијадин Села, му беше презентирана фактичката состојба на локалниот пат кон и во населба Подгорци, во текот на состанокот представниците на Месната Самоуправа на градоначалникот му беше доставено барање за реализација на оваа активност, и дека за било каква активност во населбата единствено може да се разговара со представниците на оваа организација, која е и всушност легитимен представник на оваа населба избрана од овој народ.
Согледувајќи го изнесеното градоначалникот Села, одлучил да излезе во пресрет на оваа барање на Месната Самоуправа, со што оваа активност започна и се реализира во неделата.
Покрај оваа на средбата било доставено и барање на поставување нс сигнализација-патокази за обележување на овој пат, од дело викан орешки па се до влезот на оваа населба.
Во прилог на овој пост ви го презентираме факсимил барањето доставено до Општина Струга, од страна на представници на Месна Самоуправа со заверен архивски број,со кој се потврдува поврзаноста на Месната Самоуправа Подгорци со оваа активност, а и со наредните кои што ќе се одвиваат во оваа населба. И со тоа демантираат сите шпекулации дека Месната Самоуправа нема никаква поврзаност со оваа активност. Како и тоа дека Месната Самоуправа е легитиме орган кој може да ја застапува оваа населба.

На крај, почитувани членови како и многу пати би сакале да Ве информираме дека ДУБАИ ПОРТАЛ, секогаш стои зад објавените информации ( односно стои зад нив како иден информативен портал) т.е не објавува информации за кои подоцна нема да сноси одговорност. т е тоа зборува за вистинската точност на секој објавен текст на нашиов портал.
Односно секоја една информација која што се доставува преку емаил или лично претходно се потврдува нејзината вистиниотост па потоа се одлучува за нејзиното објавување и сето тоа го заокружува со професионалноста во нашето информирање.
Со почит!
Ваш ДУБАИ ПОРТАЛ.









