Врз основа предвидениот план програма на Месната Самоуправа Подгорци, денес на претходно доставено барање до Општина Струга за санирање на оштетените делови на патната ифраструктура кон Подгорци и во населбата, беше извршено привремено санирање на местата кои претходно беа планирани, како оштетени и го попречуваа нормалниот тек сообраќајот низ населбата како и надвор од неа. 

Оваа активност е само привремена, т.е ние имаме изработено целосна документација (проект) за реконструкција на патната мрежа со нов целосен слој до делот кој се поврзува со општина Вевчани односно местото кај нас познато како (Орешки).

Покрај ова ,со  проектот е предвидено и реконструкција на одредени патишта во населбата со кои вп целост ќе се дозавршат и деловите кои воопшто немаат изведена асфалтна подлога.

На одредени места исто так предвидено е и изведба на одводни канали низ кои ќе се одвива-одведува вишокот на атмосферска и друг вид на вода.

Оваа активност, за оваа делумно санирање на отворените делови на патната подлога,како барање пред неколку денови беше доставено од наша страна до представниците на Општина Струга, и врз основа на истото ни беше позитивно одговорено, и еве денес имавме можност да ја реализираме оваа активност – изјави претседателот на Месната Самоуправа Подгорци , г-дин Мирсад Реџоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here