Почеток на Филмот:
Епизода 1-ва
Пред неколку недели, во населба Подгорци беше организиран (не) легален протест за спречување на така наречени дрво крадци кои неконртолирано вршеле сеча на дрва во атарот на Подгоречката планина.
Беше како беше, се виде кој беше и како поминаа протестите..?? ама народот остана на шубе. Дали ќе има дрва? Каде да се набават.? Кого да го побарам.? и што уште не какви дилеми..
Епизода 2-ра
И, како во филм или домино игра, денес и во населба Лабуништа се јавиле некои незадоволни лица кои увиделе дека наводно Шумската полиција и Полицијата не можеле да излезат на крај со дрво градците, или еве накратко – наши несовесни граѓани (Лабуништани и Подгорчани).
Па, ајде и ние ќе направиме некоја си блокада, па да се видит кој што е..
Зошто се вели несовесни..? Па како што бевме известени од страна на лица од населба Подгорци, веќе неколку месеци наназад се вршело сеча и кражба на дрва, и истите биле транспортирани во ноќните часови, и потоа препродавани за багатела.
Според наши пријатели, ваква ситуација веќе долг временски период (како во континуитет со нашиве од Подгорци) и одредени несовесни граѓани од Лабуништа, вршеле сеча на се што било наречено дрво, а транспортот на истите веќе бил добро познат и се одвивал на сличен начин како и овој во Подгорци.
Значи постапката е иста како во сечењето, (се сече со моторка), како во носењето (навечер), само разликата е во тоа што кој колку? и кој повеќе успеал да исече дрва ?
Па, мили браќа овде ништо не се гледат, за нас се е измешано магла-дожд-ветер-сонце (се мисли на тие кои сечеле на диво, на тие кои знаеле а молчеле, и на останатите кои им давале дозвола да прават таква дрво кражба, и на оние кои ги помагале со купувње на нивните дрва).
Сите знаевме што се случвеше, а сите молчевме.. ајде да се прашаме зошто?
Сега веќе ниту се знајт ни кој носит, ни кој сечит, ни кој продават, ни кој дават дозвола, само ја шутираме лопката од една на друга страна не гледајќи каде шутираме, само да не е кај нас, а не гледаме дека во оваа измешана ситуација, само автоголови си даваме.
И, сега што бидна, на некого му се измешале дрвата, а веќе и ноември стигна, па ајде да видиме кој до каде може да оди.
Па, драги мои сограѓани било Подгорчани или Лабуништани, прво нека проработи совеста кај сите нас, за тоа што значи неконтролирана сеча на дрво, и колку едно дрво треба временски да израсне за да биде сечено, ама за жал повеќето наши и незнаат за тоа, туку мислат само на себе, а за другите како ќе им биде пишано..??
Во нормална држава за ваков криминал се знае колку и како се наплатува за направеното дело, ама кај нас засега….??
Бате, утревечер околу 12.часот тракторот ќе биде кај тебе, само да не научит никој- така изјавил некој си при транспортирање на дрва.
Арно ама тој што носел дрва на црно, заборавил дека им носел на доста луѓе (односно продавал) дрва, па луѓето го препорачувале како добар набавувач на дрва, и како што вели онаа народното: Не се секирај никому нема да кажам, само јас и цело село.
И, гледаме како се прави криминал и молчиме, по се изгледа исламот сме го сфатиле погрешно, молчиме за арам кога се работи за нас, ама кога некој друг ќе направи таков арам е тогаш…..??
Ете браќа, такви сме какви што сме, ама по се изгледа за никаде не сме.
Се разбира не се оправдуваат и фирмите кои стопанисуваа со набавката и сечата на дрва.
Кој нив ги контролираше од арам…..??
И сега , постојано некој друг ќе ни биде крив, освени ние самите.
Ајде малку и ние да се натовариме како магариња со по едно -две три дрва, па да видиме колку тежит, и дали имаме разум за тоа што го правиме и дали ни работи совеста.
Сите овие работи укажуваат дека ние немаме ни страм ни намус..
Самите се крадиме, па после се жалиме дека другите не крадат.
Ама, како што тргна нашиоф филмски серија под наслов : Кога дрвјата паѓаат, по се изгледа дека следната епизода можеби ќе биде насловена како Кога дрвјата паѓаат во Боровец, јас не би сакал да ја гледам и таа епизода, ама ќе видиме што ќе кажит режисерот на овој траго-комичен серијал.
Дубаи Портал










