Во рамките на меѓусебната соработка и координација во развојот на населба Подгорци, синоќа  во спортската сала Тими – Велешта на пригоден начин беше одиграна фудбалска средба помеѓу стариот и новиот состав на Месна Самоуправа – Подгорци. Притоа не обрнувајќи на старосната структура на едниот и другиот состав односно возраста.

Оваа средба беше закажана како резултат на добрата меѓусебна соработка на старите и новите членови на месната самоуправа:

  • Мевмед Џемајлоски
  • Шериф Ајрадиноски
  • Шабан Адемоски
  • Енвер Османоски
  • Бајрам Исакоски
  • Емрула Реџоски
  • Исо Демишоски
  • Мирсад Реџоски
  • Касим Адемоски
  • Ибрајм Арсланоски
  • Недим Мемишоски
  • Идриз Ајрулоски
  • Бехман Мевмедоски

Конечниот резултат заврши со 2:0 во корист на стариот состав на месна самоуправа. Ама, сепак  тој беше во втор план, за тоа што кај сите членови беше видливо доброто разположение од ваквиот начин на дружење.

За некои, можеби резултатот, ама за повеќето расположението беше во прв план, иако кај некои членови можеше да се забележи и незадоволството од ваквиот резулат.

Како награда за постигнатиот резултат, на победниците – односно на сите заедно , новиот состав, мораше да го плати цехот од направената сметка ка нашиот Ламо ( Слаткарница Шехерзада).

За на крај да се заклучи дека ваквите средби  придонесуваат и  за меѓусебно помагање  во решавањето на проблемите на населбата, како меѓусебното разбирање.

Се надеваме дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму како еден вид традиција на обострано задоволство на било која и да е страна- заклучок на членовите на стариот и новиот состав на Месна Самоуправа Подгорци.

Дубаи Портал.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here