Почитувани, еве пред неколку дена случајно, посетувајќи ги нашите сегашни гробишта, за момент се потсетив и на гробиштата кои кај нас се познатик како (Турски гробишта).

За жал и ден денес , поточно ништо не се знае за тоа кој се рахметлии се погребани тука.
Пред неколку години задно со едни мои пријатели имавме можност да ги посетиме, односно оваа местом, каде беа погребани засега непознати рахметлии ( потенцираме рахметли, затоа што писмото со кои се истакнува које е погребан тука исклесано -напишано на надгробните обележја според одредени наши пријатели тоа е (стара арабица).
Меѓутоа како и да е за жал, некако самите се оставени да се грижат за себе.При нашата посета пред неколку години, можеше да се забележи дека речиси како и тука да нема гроб(мезар) на некој наш брат-сестра, муслиман-ка. Испаднати и искршени обележја, обележја покриени со земја која времето ја нанела на нив, а уште пострашное и тоа што некои се и намерно оштетени и тоа според обележаното вршени се ископи на истите од страна на така наречени (златари), мислејќи дека се крие некакво богатсво.
На иницијатива, на тогашниот одбор во Месна Самоуправа Подгорци, беше изработен проект, со кој беше предвидено уредување на истите, пред се тргнувајќи од заградување и рачистување на птосторот околу гробовите (мезарите).
При посета на општина струга од страна на представници на Месната Самоуправа во 2005 година, г-дин Самија Османоски и Исо Демишоски, како представници на Месната Самоуправа, на тогашниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко, му беше образложен овој проект заедно со комплетна документација.
Меѓутоа за жал на наидовме на ниакво разбирање на истиот односно негова реализација, т.е се остана на ветено.
Сметајќи дека како членови на Месната Самоуправа, должност е да се грижиме и за овае со што се карактеризира нашата населба, иако тогашниот џамиски одбор воопшто не превзеде никакви активности, иако им беше предочено во каква состојба сер наоѓаат, представници на Месната Самоуправа г-дин Мехмед Џемајлоски (претседател на тогашната Месна Самоурава) и г-дин Исо Демишоски (член на МС-Подгорци, и лице кое го изработи овој проект) беа во посета на Турската Амбасада, каде им беше образложен овој проект.
Од нивна страна беше потврдено дека, доколку станува збор за хробови (мезари) на припадници на турскиот аскер од тој период, се разбира доколку тоа го потврди напишаното на надгробните обележја, тие ќе се погрижат за нивното целосно заштитување. Меѓутоа за жал и од тука не добивме никаков одговор и се си остана така.
Некако како да заборавивме на овие наши браќа и сестри,, Никој нема никакви информации (кога е погребани, кој е погребан и тн..)
Според катастарските записи тие се наоѓаат во приватен имот парцела бр 1950 која била во сопственост на Мариноски Сандре Спасе, кој живеел во Белград, подоцна оваа според не потврдени информации е предадено во владение (сосптвеност) на Пашоски Митре и истиот оваа парцела каде се погребани овие рахметли ја подарил на Џамискиот Одбор Подгорци.
За, жал и после толку изминати години, она што пред неколку денови можевме да го забележиме и истата па дури и полоша состојба, неко гробови (мезари) се покриени од паднати дрвја, покриени со земја, некои ископани од трагачите на злато, итн.., ново е само тоа што пред неколку месеци од претходниот џамиски одбор се поставени неколку физички обележја (дрвени колови) за поставување на мрежа, и се е по старо.
Некои од плочите кои ги забележавме пред неколку години, речиси и не постојат.
Се на се, ова кажува колку се брижиме за нашите исламски и верски обележја..??
Во оваа пригода би сакал, да ги повикам представниците на џамискиот одбор, повторно да покренат иницијатива за реализација и целосно завршување на овој проект, а не само делумна изведба, бидејќи доколку го посетиле оваа место, сигурно ќе им станло јасно за што станува збор, а доколку не тогаш времето ќе ги избрише како да не постоеле, а ние ќе им останеме должни на нашите рахметлии за она што сме можеле, а не сме го направиле.
Барем, за време на двата исламски празници (Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам) да се посетат од страна на представници на џамијатам, и останати жители на населбата, и да им се проучи и нив јасим, и тие се наши.
Џамискиот одбор при џамија Подгорци, би сакал во архивите на Месната Самоуправа да го превземе проектот, истиот надополни, бидејќи се работи зазвременски период од 8-години, а јас како исработувач на овој проекти да им помогна во реализација на истиот.
ДУБАИ ПОРТАЛ.










