Почитувани, веќе извесен период наназад по интернет социјалните мрежу кружат информации ,како и фотографии на така наречени (не) рибари (рибокрадци) кои се фалат кој колкава риба фатил во Подгоречко Езеро.

Како за потсетување, пред  3 и пол години од страна на представници на тогашната Месна Самоуправа и Водната Заедница која стопанисува со оваа езеро, беше извршено порибување  (мала количнина) на истото, со речна пастрамка, а се со цел да се намали количината на пристуство на таканаречените кај нас познати полноглавци,мрмулци итн..

Меѓутоа после извршеното порибување, после неколку месеци одредени (не) рибари, кои не можеа да уловат риба во дримот, се обидоа својата (не) рибарска способност да ја реализираат во подгоречкото езеро, кое за нив претставувало како фрижидир (фрли јадица и ете ти риба), што е уште пострашно имаше и такви моменти кога беше употребувана и мрежа, за риби со што во прашање се доведуваше и опстанокот на оваа риба.

Овде и покрај апелите од надележните органи  и понатаму се извршуваше рибокражба дури и во периоди на мрестење.

Водната заедница која стопанисува со оваа езеро, има изработено план програма,распоред за периоди кога може да се врши улов на риба, без и претходно да се доведи во опасност постоењето на оваа риба.

Распоредот за улова на риба беше изработено од страна на здруженија кои се занимаваат со оваа дејност, и врз основа него беше изработен и периодичен распоред (односно кога може, а кога не ) да се лови риба.

Меѓутоа и покрај тогашните апели, оваа рибокражба добива се поголем замав, истото истребување се врши не контролирано, а што е уште по страшно е и тоа што во оваа учествуват и (не) рибари и од околните села. (Лабуништа,Октиси,Вевчани, Боровец, а пред неколку дена забележани се и лица од Струга).

Уште еднаш апелираме до претставниците на Водната Заедница Подгорци, како и Месната Самоуправа, да превземаат соодветни мерки околу оваа нелегална активност, како не би се довеле во ситуација, да се доведе во опасност од нивно истребување..

Односно, да се превземаат соодветни мерки согласно законите на Р.Македонија.

Покрај тоа ова нека биде и апел од наша страна и до граѓаните на оваа населба, истовремено да пријавуваат присуство на такви лица (со име и фотографија) до редакцијата на овој Портал, или кај надлежните одргани на населба Подгорци, затоа што овде не се доведува од една страна само рибниот фонд, туку и квалитетот на водата од оваа езеро кое го користиме како едниствен отворен извор за снадбување на населбата со вода за пиење.

Исто, така апелираме до представници на Месната Самоуправа и Водната заедница, да го поднесат и обноват барањето (проект) до Општина Струга, односно проект со кој се предвидува оградување на езерото и изградба на привремен објект, со што би се намалила опасноста од вакви не законски појави.

ДУБАИ ПОРТАЛ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here