Во врска вчерашниот текст по повод информацијата дека се прибирале средства за камион за кумунални активности, а објавен на нашиот сајт, многу ни е жал што истиот за многумина беше премногу непознат, односно беше само прочитан помеѓу редови од страна на “неписмени“. Ама нејсе еве ќе се потрудиме да Ви објасниме за да ви биде појасно.

  1. Прво Месната заедница како институција, секогаш треба преку разно разни проекти и активности да обезбедува нормална инфраструктура за нормален живот и други активности. Денес во македонија постојат голем број на институции, а и странски амбасади кои вршаат соодветни донации за ваква или слична намена, проекти на кои се учествува и бара она што навистина му треба, односно недостасува. Без разлика која Месна била прво што треба да биде на ум средствата да ги обезбедува токму преку овој пат, а не за било што веднаш “ ќе бериме пари по куќи“ Такви активности сме имале многу години наназад и знаеме како изгледа и не доликува на било која сегашна или идна месна, значи целта е да укаже а не дека некој бил против или слично..
  2. Второ во делот каде што вишува дека “немало членови на старата или новата месна“ ви стојат наводници и од напред и на крајот. Се надевам дека многумина а мислам дека е така не знаат што означуват тие наводници и на што укажуваат.Па се пишува се и сешто зад некакви си скриени профили, ама нејсе.
  3. На нашата редакција ниту ги интересира СТАРАТА ниту НОВАТА месна заедница во однос начинот на кој работеле, тоа си е нивна работа и нивна одговорност, односно не се занимаваме со локални трач информации.
  4. Целта на текстот беше кратко видување на граѓани со кои се сретнавме и кои накратко изнесоа свое видување по повод превземената активност, и тука се постави прашањето:
  5. ДАЛИ СЕКОГАШ КОГА ТРЕБА НЕШТО ДА СЕ НАБАВИ ИЛИ СЕ ИМА ПОТРЕБА ОД НЕШТО, СЕКОГАШ ДА СЕ ОДИ ПРЕКУ ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИЛИ ПРВО ДА СЕ БАРА ПРЕКУ СООДВЕТНИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ КАКО ШТО ТРЕБА И ДОЛИКУВА И ЗА ШТО ПОСТОЈАТ ТАКВИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВИМЕ И ОПШТИНАТА ВО ЧИЈ БУЏЕТ СЕ СЛЕВААТ ГОЛЕМ БРОЈ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД НАШИ ФИРМИ КОИ ГРАВИТИРААТ ВО ОВА ОПШТИНА?

  6. Значи целта беше таа на тесктот, а не да има било каква поделба или некакво си напаѓање кон едните или другите,или овие се добри или не, нас тоа не нѐ интересира, тоа беше краток разговор и видување од наши граѓани, а наше да го пренесеме секој има право на свое мислење и размислување.
  7. За крај да знаевме однапред дека токму нашиот текст како информација, а не наше видување ќе падне во рацете на НЕПИСМЕНИ немаше ниту да го објавиме ниту да размислуваме на таа тема…Односно од таквите какви што се денес, до ова дереџе ни е и државата..

БУЈРУМ ПРОДОЛЖЕТЕ..