Мубарек месецот Рамазан со себе носи низа на благодети кој еден муслиман може да ги почувствува доколку се придржува кон се она што е предвидено со него.
Се разбира, составен дел и представува ифтарот односно период кој го назначува крајот на денешниот пост, и подготовките за наредниот ден, односно период кој треба да биде исполнет со се она што мубарек месец го бара до периодот на сехур (суфур).

Ифтарот сосебе носи благодет и на зблужување, покрај тоа што постот најчесто се прекинува во кругот на своите најблиски, семејството и др.. денес тој веќе станува и еден вид на традиција преку која муслиманите ги зблужува, барем еден ден заеднички да го прекинат постот, и заеднички да извршат теравија намаз.
Ваквата практика веќе станува и традиција, особено поизразита кај нашите печалбари кои во текот на овој мубарек месец, се наоѓаат надвор од своите родни краишта, работат без разлика дали се сами или со себе го понеле и своето семејство.

Да се биде дел од еден ваков настан, на кој за неколку часа веќе се сретнуваме, барем за кратко да ја прекинеме носталгијата кон својот роден крај представува вистинска радост за душата и срцето,а уште повеќе кога очите ти се полни од она што фго гледаш, односно роднините, пријателите и браќата кои пристигнале некои од Швајцарија, Белгија, Словенија, Австрија и се разбира домаќините од Италија.

Повеќе не би сакале да пишуваме, бидејќи со пишаното само се постетуваме како изгледал настанот,меѓутоа за да се почувствува, секако неизбвежно е да си дел од овој преубав настан.
Ние веќе по четрти пат ни представува посебно задоволство да бидеме како редакција дел од овој настан, заедно со нашите џематлии, браќа и роднини од нашето си Подгорци, дечки кои се потрудиле сѐ да помине во најдобар ред, а и веќе се навикнале и добро им оди, а тоа се одсликува од присутноста на оние кои сакаат да бидат дел, а тој дел секоја година станува сѐ поголем, ама дечките од ЕМАНЕТ веќе и не се плашат, едно ставно како што велат тие со мерак се подготвуваат за овој настан и воопшто не им представува никаков терет.

Се разбира, за да не ни се налути, тука не смееме да го заборавиме и човекот кој стои како дел од овој исламски културен ценат ЕМАНЕТ, имамот Авнија Нурчески кој секогаш работите како што велат некои ги става под конец од почетокот па сѐ до крајот на овој настан.
За крај, се разбира да не заборавиме дека оваа година, оваа наша традиција беше збогатена и со учеството на нашите браќа од Сан Стино ди Ливенца кои заедно со ЗЕМ-ЗЕМ хуманитарното здружение го потпомогнаа овој настан како дел од него, со што заеднички нашата слика ја направивме онака убава како што ни одговара на нас Подгорчаните, и ИншАллах да си дочекаме и наредната година – стои во кратката изјава на представник на здружението ЕМАНЕТ.

А, ние почитувани низ фотографија и кратко видео, Ви пренесуваме дел од годинешниов ифтар во организација на ЕМАНЕТ – Сусегана-Италија и во името на ЕМАНЕТ веќе Ве покануваме и следната година ИншАллах повторно да бидете дел од ова традиција.















