По повод мубарек месец Рамазан, како и претходните три години така и оваа, во организација на џемаатот на џематлиите од населба Подгорци, кои моментално се наоѓаат на привремена работа/ претстој во Сусегана / Италија , би сакале да Ве известиме дека овогодинешниот традиционален рамазански ифтар ќе се оддржи на 28.фебвруар 2026 во просториите на Еменат/ Сусегана – Италија.
Исто така Би сакале да Ве известиме и дека оваа година нашата традиција покрај учеството на голем број на наши џематлии според најавите за нивно присуство, организационо ќе биде збогатена и со нашите браќа, соселани и роднини кои предстојуваат во Санстино / Италија, што ни причинува посебно задоволство ете сите да сме на едно заедничко место во овој светол месец Рамазан. Притоа да не заборавиме и на нашите гости кои ќе допатуваат од Р.Македонија.

За крај, во името на оранизаторите на оваа традиција би сакале да упатиме апел/покана и до сите наши сограѓани, почитувани џематлии, печалбари во околните земји ( Италија, Словенија, Германија, Швајцарија итн..) дека вратите на ЕМАНЕТ/СУСЕГАНА ширум се отворени за сите оние кои сакааат да бидат дел од оваа наша традиција.
А, ние почитувани како надополнување во пресрет на овогодинешниов заеднички ифтар, со кратко видео ќе се потсетиме на минатогодишниот оддржан традиционален ифтар, и се разбира на организаторите на оваа свеченост, да им се заблагодариме на упатената покана до редакцијата на Дубаи Портал, за што ни причинува посебна чест и задоволство и ние да бидеме дел од оваа свеченост.
Со почит !
Организационен одбор на Традиционален Рамазански ифтар ЕМАНЕТ-СУСЕГАНА / Италија









