Мирен Протест : Блокиран патот кон Подгоречка планина.

0
288

Врз основа информациите на група на граѓани на населба Подгорци, веќе извесен период без и било какво одобрение од страна на Шумското Преттпијатие – Јабланица и Приватното Претпријатие Елко-Ќаско, од Боровец се врши не  контролирано сечење на дрва (бука, даб) од Подгоречката планина,.

Притоа истовремено е евидентирани и кражба на одредена количина, според изјавите на наши извори на Дубаи Портал, на нашите сограѓани на Подгорци пред извесен период им било речено дека слободно можат да одат да наберат одредена количина на дрва за огрев и друга намена.

Отидов да набера дрва во делот каде што ми рекоа, ама тука немаше баш ништo само трески, и видов дека не се исплаќа и си заминав, а на друга страна пак имаше одредена количина на дрва кои неконтролирано се сечеа, изјавува еден наш очевидец од Подгорци.

Овие две, фирми некотролирано вршат сеча на дрва, и притоа истите ги даваат  без и било каква едвидентна испратница за потеклото на истите и набавената количина.

Како резултат на оваа активност, група на граѓани како би го искажале својот револт , денес го блокираа патот кон Подгоречка Планина, во непосредна близина на резервоарот со вода, и на некој начин го стопираа движењето на превозните средства на овие две фирми кон местата каде што е извршена сеча-кражба на дрва.

Увтрдената количина на дрва во оваа , би можело да се рече кражба е складирана во непосредна близина на Фармата на населба Подгорци.

На местото на настано пристигнаа представници на Шумската Полиција, представници на МВР, за за жал одговорното лице за овој дел од нашава населба заменик дир. на Шумското Претпријатие – Јабланица г-динот Алија Камбероски, додека бевме присутни на настанот не беше во посета на оваа место, како би дал свое гледање на овој настан, и да им објасни на присутните граѓаните за што станува збор.

Се уште поцелосни информации околу расчистување на овој настан официјално нема ниту од една страна, само одредени информации од група граѓани кои остануваат како не потврдени.

Се очекува во текот на денов местото да биде посето од страна на соодветните представници, како би се разрешил овој проблем, и доколку постои, (а постои) криминал, тогаш истите прекршители да бида соо соодветно казнети согласно законите на Р.Македонија.

Како и да е ДУБАИ ПОРТАЛ истовремено че ве известува и за понатамошниот тек на работите околу овој мирен протест.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here