Дека и ние си имаме наша технологија еве зборува и конструирањето на оваа машина која служи за ронење како што велат нашите за ронење на пченка.

Според информации на конструкторот на истата, во една пригода ни изјави дека маката го натерала да ја направи истата, и со тоа да им помогне и на останатите жители на оваа населба, особено потенцирајќи на оние кои имаат засадено поголеми количини на пченка.

Оваа машина претходно беше механичка (со вртење) за да си ја олеснам работата размуслував да поставам соодветен мотор кој ќе го придвижува делот наменет за ронење на пченката, и притоа да се троши помалку струга.

После кратка анализа успеав да пронајдам таков соодветен мотор, и начин како да ја изработам конструкцијата, што истата ќе биде по соодветна (прилагодна за работа).

Моментално има дрвена конструкција, ама во најскоро време истата ќе има соодветна метално-алуминиумска конструкција.

Работи со една брзина, а може да работи и  во обратно движење, со што се намалува појавата од заглавување на делот (кочанката) која треба да биде исфрлена. (тоа значи доколку се лучи да заглави, тогаш со менување на другата брзина, кочанката излегува без и било каков проблем, и истата си продолжува со работа).

Во перид (просечен) од една минута може да  изрони 30 кочани, што со ваква конструкција моментално ги задоволува сите потреби на една ваква машина за домашна употреба.

Бидејќи истата е веќе во фаза на изработка други податоци нема да бидат објавени се додека истата во целост не се заврши, и не биде патентирана во заводот за заштита на патенти (изуми) на Р.Македонија.

Оваа машина е изработена и констурирана од страна на еден наш сограѓанин на Подгорци, и истата наскоро ќе биде презентирана во нов дизајн и конструкција и штом биде евидентирана во заводот за заштита на патенти и потврдена нејзината функција за оваа намена, тогаш ќе се премине кон рачно производство на истата, во зависност од потребите на нашите граѓани и се разбира формирана цената на една ваква машина.

АММАР-МРП ни беше доставена на тест проба и истата ги задоволи сите наши барања.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=MVi9QkOVrqY[/embedyt]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here