Најпрво со оваа наша текст реакција не би сакале да бидеме сватени погрешно, туку да укажеме на една постапка и начинот на изведување на истата.
Секоја една работа (иницијатива) која се прави за доброто на народот, треба да се поздрави, на пример како оваа, асфалтирање на улица во дел од населба Подгорци.

Ниетот бил да се корегира оштетената подлога, која навистина и беше како таква, дел оштетена од возилата, од самите жители кои гравитираат по таа улица, ама и заради претходното не професионална изведба на таа подлога која што траеше колку што траеше.
Е, сега пак ни се повторува како секогаш истото, несоодветни лица вршат асфалтирање, без и малку познавање на овој процес, во кој претходно пред да се започне со асфалтирање треба да се има соодветен план , прво од тоа каде да се одведуваат атмосферските води, како второ соодветна корекција на висините, во нашиов случај висините на шахтите (канализација, вода и др..), и низа на ред други правила и норми предвидени со оваа градежна работа

Ама, што се случува, според добиените фотографии истите (шахтите) плус се затвараат, формираат дупки и од тука се наметнува нова потреба од дополнителна работа над нив за да се обезбеди нормално отварање при било како чистење или контрола и обезбедува задржување на води, и плус се обезбедува непречено- ненормално движење на возила.
Згора на тоа, си постојат соодветни правила и начини на тоа како се врши асфалтирање, за оние кои веќе го работеле тоа, во некои нормални средини и фирми знаат како треба да се направи тоа, тргнувајќи пред сѐ од поравнување онака како што треба, додавење на соодветно средство за прилепување со старата подлога, а не прскање колку да помине “адетот“, низа на ред на други работи.. Ама нејсе..

Сега некои ќе речат: “Е, поубо нешто , отколку ништо“.
Во ред и тоа до некаде држи, ама се поставува прашањето зошто да биде така, зошто да го има тоа “Е поубо нешто“.
И впрочем драги сограѓани, асфалтот не го добивате бесплатно, туку го плаќате Вие, односно најмногу нашите даночни обврзници ( фирми) кои гравитираат во општина Струга, и кои и го полнат буџетот, впрочем тие си знаат најмногу, ама за тоа друг пат, во некоја друга пригода.

Меѓутоа имајќи во предвид дека во последно време “нашата“ си општина има нови методи на асфалтирање, затварање на дупки на асфалтна подлога со бекатонки, повеќе од јасно ни станува дека ние во Подгорци барем сме добиле нешто понапредно, односно сме го изоставиле вградувањето, односно комбинирањето на “бекатон-асфалт“, како нов процес – постапка во градежништвото.

Како и да е, уште еднаш ја поздравуваме намерата за санирање на овој дел од Подгорци, ама сепак совеста не ни дозволи барем да укажеме на нешто, како што треба да се направи, а не да ни се повторува секои 3, 4 или 5 години, или кога доаѓаат некакви си избори, сеедно дали се локални или парламентарни.
А, последиците од ваквото “ буфтана/бафтана“ асфалтирање ќе го почувствуваме подоцна, како по сопствените нозе, така и по сопствените раце.
Очигледно е дека повторно си продолжува онаа старото “ Од 100 дупки отворени, ние ја затвараме 99-та“.
И, за крај можеби и ќе потрае повеќе од претходниот, бидејќи повеќе и нема кој да се шета, вози или слично, по овие наши преубави патишта, бидејќи сите ние сме заминале некаде кон ЕУ за да им кажеме како, зошто и кога треба да се “гради“..
(Образложение) Ова представува дел од реакцијата на нашата редакција, и дел на наши сограѓани кои ни упатија низа на фотографии, и истиот став нема ниту било каква политичка позадина, ниту пак било против било која личност, туку сакаме да укажеме на една постапка која со години ни се повторува, а изгледа и понатаму ќе ја повторуваме“ – Ви благодариме на разбирањето..









