Почитувани џематлии, печалбари во околните земји ( Италија, Словенија, Германија, Швајцарија итн..) а се наоѓате надвор од нашиот роден крај би сакале да Ве известиме, поканиме и посакаме добредојде на нашиот Трет традиционален рамазански ифтар 2025 Сусегана / Еманет.
Имено по повод предстојниот мубаре месец Рамазан, како и претходните две години така и оваа, во организација на џемаатот на џематлиите од населба Подгорци, кои моментално се наоѓаат на привремена работа/ претстој во Сусегана / Италија , би сакале да Ве известиме дека овогодинешниот традиционален рамазански ифтар ќе се оддржи на 8.март 2025 во просториите на Еменат/ Сусегана – Италија.

Преkу ова известување би сакале да ви испратиме порака за добредојде на овој наш традиционален ифтар и истиот збогатите со Вашето присуство.
Воедно би сакале да Ве известиме дека оваа година, наши ценети гости на овој рамазански ифтар ќе ни допатуваат имамот на Подгоречката џамија , Џеваир еф. Сефоски, мутевелијата на џамискиот одбор населба Подгорци, како и сите членови кои го сочинуваат овој одбор.
Воедно нашиот ифтар ќе биде збогатен и со хафизи кои исто така ќе допатуваат од нашата населба, особено нашиот ценет хафиз Каплан Капланоски.
Во текот на овој ифтар покрај кој добредојдето кое ќе Ви го посака и нашиот имам при GRANDE CENTRO ISLAMICO ,,EMANET,, Авнија еф.Нурчески предвиден е и простор за разговор, запознавање со нашите активности, како и предавања кои ќе бидат поврзани токму со овој наш мубарек месец Рамазан.
Сите оние кои се заинтересирани да бидат дел од оваа наша традиција се добредојдени и доколку им требаат било какви подетални информаци за своето најавување како дел од оваа свеченост слободно може да ги контактирате следните представници на нашиот џемаат:
Енес: 00393803423875
Билал:00393891735677
Решат:00393791009041.
Со почит!
Џемаат на населба Подгорци/ Сусегана-Италија









