Северна Македонија со низа настани ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Централното чествување се одржа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што цвеќе положија претставници на  државниот врв, пратеници, партии и граѓански здруженија.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден, „бидејќи ова е наш македонски великан кој е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено“.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, смета дека во борбата на Гоце Делчев се вградени сите социјадемократски вредности. „Тој се борел за слободна и демократска Македонија, во која се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Тој тргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална и политичка припадност, бидејќи имале една цел – слободна држава. Треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна Македонија во ЕУ“,порача Филипче.

Повеќе на:dw.de