Турција успешно ја тестира домашната ракета Тајфун, со максимален дострел 800 километри

by Administrator

Турција изврши уште едно успешно тестирање на својата ракета Тајфун од домашно производство.

Лансирањето, со засилени безбедносни мерки, беше извршено во Ризе во близина на аеродромот Ризе-Артвин.

Лансираната ракета со краток дострел успешно ја погоди целта.

Тоа беше трето успешно тестирање на оваа ракета, а претходните беа извршени во 2022 и 2023 година.

Станува збор за проектил развиен и произведен од турската државна компанија Рокетсан, а моментално се смета за проектил со најдолг дострел во Турција.

Со тежина од 2.300 килограми, Тајфун е долг 6,5 петари.

Ефективниот дострел на оваа ракета е 280 километри, а максималниот 800 километри.

You may also like