Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа, се жалат граѓани. Економистите сметаат дека ограничената маржа е краткорочна, неефикасна и непазарна мерка. Инспекторите изрекле казни за маркети низ цела држава, во вредност од 70.000 евра.
Поевтини се само средствата за чистење, ама тие не се јадат. Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа. Таман да се прелажеш дека си купил поевтино, а амбалажата полупразна, вели скопјанката Снежана С., две недели пред да истече владината мерка која требаше да донесе пониски цени овој месец и да ја зголеми куповната моќ на граѓаните.
Владата на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа за 10 отсто на 73 производи. Во таканаречената „есенска кошничка“ влегоа леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук, ориз, грав, тестенини…
Владината одлука, исто така, ги обврзува трговците да ги набавуваат и продаваат овие производи во месечни количини од најмалку 70 отсто од набавените количини во август.
Мерката ќе трае до 31 октомври.
Повеќе на: RSE










