Израел ги прошири своите напади: Погодено христијанско село на северот на Либан

by Administrator

Повеќе од 20 лица загинаа во израелски воздушен напад врз христијанското село Аиту во северниот дел на Либан, што предизвика жесток одговор на Хезболах, кој истрела ракети кон Тел Авив – пренесува The Guardian. Конфликтот меѓу Израел и Либан ескалира додека беснеат борби на повеќе фронтови, вклучително и во Појасот Газа, каде што беа пријавени и многу цивилни жртви во изминатите 24 часа.

Според информациите на либанскиот Црвен крст, во понеделникот попладне во напад на селото Аиту, кое се наоѓа во близина на Триполи, загинале 21 лице.

Уништена е станбена зграда во која се сместени семејствата раселени од војната, рече градоначалникот на Аиту Џозеф Трад. Ова не е прв пат израелските сили да ги таргетираат т.н „безбедни зони“, а минатата недела бомбардираа центар за раселени лица во Варданија во јужен Либан.

Притисок на ОН
Активностите на Израел предизвикаа меѓународна осуда, при што Италија, Велика Британија, Франција и Германија издадоа заедничка изјава во која го критикуваа Израел за нападот на мировниците на ОН во Либан.

Советот за безбедност на ОН, исто така, изрази загриженост за нападот, повикувајќи на итен прекин на нападите врз мировниците и нивната безбедност.

И покрај израелските повици мировниците да се повлечат од борбените зони, шефот на мировните сили на ОН Жан-Пјер Лакроа рече дека мировниците ќе останат на своите места во Либан. Во последните неколку недели, пет припадници на силите на ОН беа ранети во напади во Либан, од кои повеќето се припишуваат на израелската војска.

You may also like