После шест годишните активности и желбата на Подгорчани да ја добијат нова верски објект-Аллахова куќа (џамија) и конечно да ја стават во употреба на џематлиите на оваа населба, со свечено отварање денес, петок 09.08.2024 година и официјално новата џамија на населба Подгорци, во присуство на представници на Исламската Верска заедница на Македонија, представници на Муфтиството на град Струга, представници на Македонската Православна црква, представници на џемаати надвор од Македонија ( Италија, Швајцарија),како и други гости, го оначи отварањето на новата џамија и истата ширум ги отвори вратите за сите оние кои ќе посакаат да извршуваат пет дневни намази како и други верски активности.
Колку за потсетување, камен темелникот на оваа џамија беше поставен на 30 декември 2017 година и истата е финансирана со финансии на жители на оваа населба, како и донации на бизнисмени и други поединци.
А, нас почитувани, ни преостанува преку видео, да Ви го прикажиме оддржувањето на оваа свеченост, и за крај џамискиот одбор на населба Подгорци, им се заблагодарува на сите оние кои на било кој начин помогнаа во изградбата на оваа Аллахова куќа, и ИншАлла истата да биде полна со џематлии во текот на сите пет дневни намази, и други верски активности – стои во краткото известување на Џамискиот одбор на населба Подгорци.











