Трансфер на вработени, менување на десетици закони и правилници за работа на министерства, функционирање на Владата во наредните транзициски месеци, се дел од работите кои следуваат по реорганизација на Владата. Новиот закон не одговара на многу прашања како и кога ќе се спроведе сето тоа
Само три дена беа доволни новата власт да предложи и да изгласа, а новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова да потпише указ за стапување во сила на нов закон со кој ќе се воведат нови и ќе се направи реорганизација на дел од постоечките министерства.
Без јавна и експертска дебата, два часа по полноќ во саботата, законот на предлог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше изгласан од владејачкото мнозинство со поддршка на опозициската ДУИ. Веќе во неделата (9 јуни) претседателката Давкова го потпиша указот по што овој закон денеска треба да се објави во Службен весник и да стапи во сила.
Повеќе на РСЕ









