Германската влада ги отфрли повиците за распишување предвремени избори бидејќи партиите од владејачката коалиција претрпеа пораз на вчерашните избори за Европскиот парламент.
„Редовниот датум за избори е есента следната година и планираме да го направиме тоа“, изјави денеска во Берлин владиниот портпарол Штефен Хебестрајт, пренесува ХИНА.
„Никогаш, ниту за секунда, не се мислеше дека сега може да се распишат нови избори во Германија.
Трите партии од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц заедно добија помалку од една третина од гласовите на европските избори. Социјалдемократите го доживеаја својот најлош резултат досега на националните избори, пораз што ја доведува во прашање иднината на владата.
Опозициските конзервативци на ЦДУ, меѓу другите, побараа парламентот да гласа за довербата на Шолц и да се распишат нови парламентарни избори. Владата на Шолц е четиригодишен проект, изјави портпаролот.
„Сметките ќе се подмират на крајот од четири години. Тогаш гласачите ќе можат повторно да гласаат и така функционира политиката“, додаде тој.
