Подгорчанецот и бизнисмен Субија Тајроски кој привремено претстојува во Словенија/Копер и раководи со агенцијата за вработување  Т-МОМО доо, добитник е на овогодинешната награда “Европски најменаџер и најкомпанија, супер шампиони во бизнисот – лидери во својата бранша”
Ова престижна награда за заслуга односно успешно раководење што ја доделува реномираната Дирекција на европската независна агенција за избор и промоција на најуспешните деловни луѓе и компании, со седиште во Сараево.
Досегашни добитници на наградата се реномирани бизнисмени, како: Зоран Јанковиќ, Филип Цептер, Живко Мукаетов, Михајло Михајловски, Миодраг Костиќ, Роман Гласер и многу други.
Стои во краткото известување на Македонската Амбасада во Република Словенија.
Амбасадата упатува честитки за наградата на овој наш успешен бизнисмен од Словенија и посакува уште поголем деловен успех во иднина.
Во ова пригода и редакцијата на Дубаи Портал, на г-динот Субија Тајроски му посакува уште поголеми успеси од областа на раководењето и бизнис секторот.