Круната на овој наш мубарек месец Рамазан, покрај сите активности во текот на овие Аллахови денови беше нашиот Бајрам намаз, каде пред преполната Zoppas Arena присутни беа околу 2000 џематлии, – истакнува Авнија Нурчески имам при Исламскиот Центар “Еманет“ – Сусегана

Како и секоја година, така и ова, имајќи ја во предвид потребата а, и поголемиот простор, во кој ќе се извршува Бајрам намаз, одлучивме тоа да биде во Zoppas Arena во Конеглиано.

Самиот амбиент пред преполната сала исполнета со нашите џематлии кои во текот на целиот месец Рамазан, беа дел од нашите активности, зборува за фактот дека како џемаат благодарение на Возвишениот Аллах џ.ш уште еднаш покажавме дека сме дел од големите џемаати кои функционираат во Европа.

Се разбира, морам на некој начин да се пофалам дека благодарение на организацијата на нашиот џемаат и другите наши печалбари, браќа, и роднини кои секој на својствен начин се обидоа да помогнат а и ден денес помагаат, успеавме да бидеме домаќини на голем број хафизи, имами, исламски предавачи, изведувачи на илахии и др..

Се разбира она по што како џемаат сме препознатливи, е и тоа што како дел од желбата да се помогне, стапивме во врска на наши браќа во Газа ( Палестина ) и во рамките на нашите можности да испратиме соодветна помош, а и сеуште испраќаме.

Исто така она што остави белег на нашите активности, беше и свеченоста по повод годинешнава Хатма Дова, на која беа присутни голем прој на наши џематлии и надвор од Сусегана, а можеа да ги проследат сите наши талебиња кои во изминатиот период беа дел од овој наш “Еманет“.

Она што представува како предизвик за сите нас односно нашиот џемаат, е проектот за откупување на содветен простор, со кој ќе ги прошириме нашите активности, како од просторот за намаз, така до соодветни простории за нашите џематлии кои сакаат да посетуваат арапско писмо, простор за наши гости, и други простории кои ќе му доликуваат на големината на нашиов “Еманет“.

Како продолжение во нашиов разговор, не би сакал да заборавам да споменам и за нашиот овогодишен традиционален Рамзански ифтар, на кој бевме посетени од голем број пријатели. Притоа во ова пригода да не заборавам да им се заблагодарам на сите оние кои го помогнаа неговото оддржување како традиција, како и на дечките кои беа дел од самата организација.

За крај би сакал да им порачам на сите наши џематлии, дека вратите на “Еманет“ ширум се отворени да примаат гости, а сето тоа да ни причинува посебна чест и задоволство.

Со самото кланање на Бајрам намаз се обележа крајот на мубарек месец Рамазан, и од тука за крај би сакал на сите наши џематлии и покрај завршување на овој месец, а ИншАллах да си го дочекаме и другиот, да им порачам своето секојдневие да го исполнат со намаз, читање на Куран и се она што е пропишано со исламот за тоа како треба да се уредува нашиот секојдневен живот.

Се разбира во ова пригода би сакал на сите припадници на Исламот да им го честитам Рамазан Бајрам, нека нивниот живот биде исполнет со хаир,здравје, и хармонија во нивните домови, ни изјави г-дин Авнија Нурчески, имам при Исламскиот Центар Еманет – Сусегана/Италија.