Како што знаете, нашиот џемаат при ЕМАНЕТ, веќе неколку години, особено кога станува збор за периодот на Мубарек месец Рамазан, организира голем број на активности, преку кои на некој начи ги доближуваме нашите џематлии, потсетуваме на вредностите на исламот и воопшто значењето на месец Рамазан.

Како и изминатите години, така и ова, во организација на Џематот “Еманет“ / Сусегана во рамките на предвидениот план програма и активности предвидени за Мубарек месец рамазан, покрај учествата на голем број наши имами, хафизи како и други активности, оваа година го оддржавме и нашиот традиционален рамазански ифтар кој претставува неодовоив дел од Рамазан.

Овогодинешниот традиционален ифтар во организација на “Еманет“ успеа да доближи над 125 наши џематлии кои пристигнаа од различни делови на Италија и околината.

Се разбира, оваа вечер беше збогатена и со учество на нашите ценети гости хафизи, Ајдароски Салија, Ајдароски Ханис, и Ајдароски Анес.

Се разбира, како дел од овој ден, односно вечер, предвиден е и ноќен намаз.

Притоа, да не заборавам, да им се заблагодарам на сите наши џематлии кои учествуваа во помагањето на оваа наша традиција, на било кој начин, и со тоа допринесоа да продолжиме и понатаму со сѐ она по што како џемаат ќе бидеме препознатливи, истакна г-дин Авнија Нурчески, имам при џамија на Културно исламскиот центар Еманет / Сусегана- Италија.