Е-го, филмски студија на Малкович, фабрики за лекови, профили, делови… Многу нереализирани најави за странски инвестиции иако Власта смета дека води успешна политика за нивно привлекување. Земјава останува на дното на листата на земјите од Балканот со странски инвестиции под милијарда евра.

Македонија е меѓу земјите од регионот кои се уште не можат да го надминат годишниот праг на странски инвестиции од една милијарда евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека во 2023 година вкупните директни инвестиции во Македонија изнесувале 616,7 милиони евра, што е слично на нивото на БиХ, Црна Гора и Косово.

Значителни зголемувања на странските инвестиции нема и покрај ветувањата на власта дека тоа ќе се случи откако земјата ќе стане членка на НАТО. Србија која не е членка на НАТО, во 2023 година имала нето приливи од директни странски инвестиции од 4,5 милијарди евра. Меѓу земјите од ЕУ и НАТО кои го надминуваат прагот од милијарда евра на годишно ниво се Хрватска, Словенија, Албанија и Бугарија.

Власта на СДСМ и покрај тоа што ја критикуваше политиката на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции, таа не направи значителни промени во стратегијата, ниту, пак, воспостави нова, a во меѓувреме најавуваше големи странски инвестиции, од кои дел пропаднаа.

Инвеститорите незадоволни

Претседателот на Советот за странски инвестиции, Виктор Мизо, смета дека во моментов отсуствува сеопфатна државна стратегија за привлекување на нови странски инвеститори, но и проактивно одржување на постоечките странски инвеститори. Ова негово тврдење вели дека е врз основа на перцепцијата на инвеститорите.

Повеќе на РСЕ