ОН: Нашиот магацин во Газа е ракетиран има многу ранети

by Administrator

Агенцијата на ОН денеска објави дека во воздушен напад во Појасот Газа бил погоден еден од нивните складишта и дека има „многу повредени“, пренесува AFP, додавајќи дека се интензивираат напорите за доставување помош на опколената палестинска територија.

„Можеме да потврдиме дека е погоден магацин на УНРВА“, рече портпаролката на агенцијата Џулиет Тума.

Таа исто така изјави дека има „многу ранети“, но дека во овој момент нема повеќе информации што точно се случило или колку вработени на УНРВА загинале.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во бомбардирањето на магацинот загинале четири лица.

Фотограф на АФП виде како жртви пристигнуваат во болницата Ал-Наџар во Рафах, од кои едната беше идентификувана како вработен во УНРВА.

(Vijesti.ba)

You may also like