Денес, населба Октиси се соочи со навистина еден нескојдневен настан, ама настан кои и пред неколку месеци се наговестуваше дека ќе се случи.
Наиме станува збор за изградба на црквата Св. Димитрија,која би требало да се изгради во централниот дел на оваа населба.
Колку за потсетување ваков начин за изградба на оваа црква имаше обиди уште пред неколку години (1-2), кога и покрај се, имаше обиди за оцрнување на оваа население во кое мнозинство се Муслиманите (а не Македонците Муслимани) како што ги нарекуваат Македонците Христијани.
Како и да е ние имавме можност да го посетиме оваа село во попладневните часови, на влезто на селото од Вевчани-Октиси во просторот -дворот на црквата Св.Никола можеше да се забележи присуство на одреден број на луѓе, според регистсерските таблички можеше да сењ забележи дека воглавном тоа се луѓе од внатрешноста на Македонија (Скопје,Битола итн..), што дополнително можеше да предизвика тензии.
Во самото село не се чувствуваше никаква тензија,како што знаат да излажат медиумите и уште повеќе да ја дезинформираат јавноста, само за да се дојде до некој си рејтинг, ама со лага..
Како и да е имаше и луѓе кои во себе го криеја револтот, ама некои не.
Како не им срам, што бара Груески да го посетува Октиси, видовте ли што му се деси во Лабуништа, алал да име, за разлика од оние во Подгорци, кои како чизни кого да го чекааа,треба да знает дека ова во Октиси нема да му успеа, нивниот представник на МПЦ спомна дека има радикален Ислам, зарем нема и Радикално Христијанство..??
Нека му дозволат прво да се изградет џамиите во Битолско-Прилепскиот-Демир Хисарскиот крај каде има историја од Старо Турско, па да видиме како таму ќе реагира Радикалното Православие, напомена еден револтиран граѓанин на Октиси, и на крај надополни, како и не им е страм да носат луѓе од надвор и после да се собираат во дворот на црквата Св. Никола, зарем досега христијаните не живееа добро со нас тука..?? ајде нека излезе некој од нив и нека каже дали е или не е така…
Додека пак друг граѓанин кој беше помалку револтиран надополни: јас би поставил две прашања: 1. Зошто ова се прави токкму кога печалбарите си заминаа, 2. Што значеа посетите на Груевски во овие населби..нека објасни, јас имам толку да кажам и очекувам дека ќе не поддржат и нашите браќа од Лабуништа, Подгорци, Боровец, и да му ставиме крај на овие недоразбирања и на Радикалното Православие и Радикалниот Ислам доколку ги има.
Движејќи се нагоре кон местото на градба очигледно беше забележано присуството на Полиција, а на самото место на градба, можеше да се забележи само делумно поставени припреми за осветување на оваа црква.
(Па, г-дине Тимотеј, прашајте ги Подгорчани како име за она што им го прават Вевчанци со поставување на верските обележја на сите страни, чии верски чувства се нарушени, зарем и овде го гледате Радикалниот Ислам??.. изјави жител на населба Октиси.
Како и да е се надеваме дека ќе преовлада разузмот помеѓу двете верски заедници, и притоа како Редакција на Дубаи -Портал во оваа пригода да побараме извинување од страна на г-днот Тимотеј, кој пропагира постоење на Радикален Ислам, во овие места без и било какво посочување и доказ.











