Во рамите на својата агенда за посета на околните села во западна Македонија, особено оние оклу Струшкиот дел-регион, денеска во посета на Подгорци пристигна и премиерот на Р.македонија г-динот Никола Груевски заедно со министерот за Здравство г-дин Никола Тодоров и министерот за Образование Спиро Ристовски.

Тој во кратка средба со жителите на оваа населба, која беше оддржана во просториите на Основното училиште Гоце Делчев, од присутните граѓани накратко беше запознат од монеталните проблеми кои го притискаат оваа населени и развојот на инфраструктурата во оваа населба со идејните проекти предвидени со план програмата на Месна Самоуправа односно изработени уште пред неколку години наназад.

Тој накратко после изнесувањата на жителите изјави дека владата не ги заборавила овие населени места, и дека врз основа на предвидените потреби од овие населби секогаш ќе излез во пресрет во рамките на своите можности.

После кратката средба премиерот ги поздрави присутните им се заблагодари за пречекот и присуството, и според зацртаната агенда-план замина во посета на населба Лабуништа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here