Алијанса за Албанците можеби и не е моќна да направи значаен резултат на изборите самостојно, но може да биде детерминирачки фактор за тоа кој ќе ја формира идната влада, сметаат аналитичарите. Таравари се залага за приклучување кон опозицискиот блок, а Села го повикува на одговорност. Кој пат ќе го фати партијата и може ли да дојде до нејзина поделба?
Јавните конфронтирања помеѓу актуелниот и поранешниот партиски лидер, физички пресметки помеѓу двата табора и оставањето порака со неиспукан куршум пред врата, изминатите два дена ги насочија сите погледи на политичката сцена кон Алијанса за Албанците (АА).
Ескалацијата на внатрепартиските тензии доаѓа во период кога партијата, која е актуелен партнер во владата, одлучува како ќе се позиционира за претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај. На која страна ќе натежне вагата во Алијанса, сметаат политичките аналитичари, може да биде клучно за тоа кој ќе ја формира идната влада. Но, сето тоа под услов партијата да остане обединета што е ставено под знак прашалник ако се имаат предвид последните случувања.
Повеќе на РСЕ









