Според извори на Дубаи Портал, утре (четврток) 17.00 час.во најавена кратка посета на Подгорци, ќе пристигне премиерот на Р.Македонија, г-дин НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Во оваа кратка посета според планот на премиерот ќе се направи кратка обиколка низ населбата, како и извршат разговори со граѓаните на оваа населба во врска сите проблеми околу животот и организацијата на оваа населба.
Додека пак задутре 23.08 (петок) најавена е и посета на г-дниот ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања.
Исто и тој по втор пат оваа година ќе ја посети нашава населба и во присуство на членовите на Месната Самоуправа Подгорци, ќе биде запознаен со проблемите кои се актуелни во оваа населба веќе неколку изминати месеци а исто така ќе биде организирана и средба со жителите на оваа населба.









