Ајде малку да издвоиме време за луѓето кои се грижат за хигиената на населба Подгорци, односно нашите веќе добро познати комуналци, Сулејман, Сефо, Изет.
Ова се луѓето кои се грижат за хигиената на населба Подгорци, собирајќи го отпадот секој понеделник.
Започнуваме од сабајле по добро зацртани делови на населба Подгорци, уште од самото утро поголемиот број на Подгорчани веќе кантите за ѓубре ги имаат поставено до самиот излез, иако некои сеуште се навикнати да не ги оставаат покрај патот, а ние сме принудени самите да ги земаме доколку некој заборавил, или пак да им ги оставаме на оние кои секогаш се навикнати ние да им ги земаме, ни вели Сулејман.
Сега веќе имаме камион и малку ни е полесно со транспортот, ама треба да правиме повеќе тури до главната депонија. На почетокот имавме мали тешкотии околу камионот, односно додека се навникнавме на него, а особено нашиот шофер Амдија.
За разлика од порано кога впо тракторот се фрлаше се и сешто, сега веќе отпадот кој не е соодветен за оваа намена на отпад, истиот им го оставаме а Подгорчаните сами ке треба да си се снаоѓаат.
Убо е и тоа што со кантите веќе ни е исто така послесно, и апелираме до ситре граѓани што помалку да користат кеси за отпад, за да ни ја олеснат работата.
Бројот на тури, зависи од сезона до сезона, најмногу ги има во лето, месец август, а најмалку во зимските периоди.
Како и да е, се трудиме да си ја завршиме работата како што треба, за да не може да примаме поплаки од граѓаните иако секогаш ги има, особено кога им го оставаме она ѓубре кое не смееме да го транспортираме, ни изјави Суле.
Покрај тоа, овие комуналци се грижат и за оддржување на патот како од снег во зимскиот период така и другиот отпад кои несовесните граѓани го оставаат покрај локалниот пат или во самата населба.
А, како изгледа нивнито секојдневие, ве покануваме накратко да погледнете во приложеното видео.
