Ни замина уште еден Рамазан, добредојде Рамазан Бајрам.

0
175

Еве, шуќур му на Аллах, дочекавме и испративме уште еден Рамазан.

Аллах на сите верници да им ги укабули деновите поминати во пост и намаз, и да им даде сабур, среќа, и благосостојба во нивните семејства.

За оние кои овие денови ги сметаа за обични-редовни, Аллах да им даде им даде разум и да ги упати по вистинскиот пат, пат од кој за вистинскиот верник нема скршнување.

Како и да е, на сите оние вистински верници, кои овие денови ги поминаа во пост и намаз, сигурно не е им е лесно, затоа што во нивните срца сега веќе има тага за оцие изминати денови, денови во кој заеднички се одеше на Теравија Намаз, денови каде секогаш имавме различни обврски ама пред ифтар сите бевме заедно на софра, денови кога имаше раздвиженост, кога се слушаше Тапанот на Сефа.

Е, тоа е вистинската вредност на месец Рамазан, месец кога се заслужуваат награди, а вистинските верници го знаат тоа, и Аллах да ги награди со заслуженото, се разбира на оние кои постеле и оние кои не постеле.

Годинава поминавме многу убо, немавме никаков проблем, ни со постењето ниту пак со работата со тупање на топан, вели Сефидан, главниот тапанџија, а покрај него стои и Неговиот брат Џеват.

Исмајл, почна да собира пари по селото, а ние вечерва за почнавме со собирање на пулитанки , надополни Сефидан.”

Како и да е,  за разлика од поедини населби во нашава околина, Подгорци како населба оваа традиција ја продолжи и понатаму со сите белези за месец Рамазан, почнувајќи од , кланање на Теравија намаз, Постење, и известување за време на Ифтар и Суфур по пат на  известување со тапан.

А, Утре веќе ни доаѓа уште еден празник Рамазан Бјрам, Иншала убаво да си поминеме во тие денови, во зијарети,, подарување на садака и други белези карактеристични за овој наш исламски празник.

Уште еднаш Админот на Дубаи Портал преку дова , Аллах да ни ги укабули сите поминати Рамазански денови во пост и намаз и да ни даде можност и наредната година истиот мда го дочекаме пак.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here