Мозочни удари и оштетувања на срцето се почести кај младите како последица од употреба на кокаин, предупредуваат лекарите. Полицијата најчесто запленува чист кокаин и други дроги, но дилерите ја продаваат мешана дури и со искршено стакло. Истражување на ХОПС покажува дека корисниците најчесто не знаат за што точно земаат.
Алкохолот повеќе не е единствениот начин за забава меѓу младите во кафулињата и клубовите. Настрана од диско светлата, во тоалетите, неретко се „микса“ со мархуана, кокаин, екстази…
Но, ваквото опуштање неретко знае да се претвори и во „лош филм“ – ако се претера со употребата на психоактивни супстанци или ако на сред забава тропне полиција и ги тресе џебовите.
Полицискиот билтен во тековната година бележи зголемување на заплената на мархуаната, кокаинот и другите видови дроги.
Во последните години, истражувањата на невладината организација „ХОПС – Опции за здрав живот“ покажуваат дека кокаинот го замени хероинот на второто место на најупотребуваните дроги во земјава, после канабисот.
Повеќе на РСЕ









