Денес, за прв пат во населба Подгорци, под организација на Џамискиот Одбор при џамија Подгорци, свечено беше оддржана Културно Верската Манифестација “Рамазански Ифтар- Подгорци 2013”, оваа свеченост беше потпомогната од прифатни фирми, како и лица кои сакаа да дадаот свој допринос во оваа манифестација, која се надеваме дека ќе продолжи и понатаму.
Манифестацијата беше п роследена од страна на голем број присутни домашни лица, како и гости од останатите населби, а се разбира свое учество зедоа и еминентни студенти,имами, и други лица од областа на исламката веронаука (беа читани извадоци од Кур ан,Хадис, и други теми оопфатени од исламаката област).
Ова е повеќе од убаво, не можев да замислам дека вака ќе изгледа, Аллах да ги награди сите оние кои зедоа свое учество на оваа манифестација, а се разбира да не заборавам да им се заблагодарам и на младината која допринесе сето оваа да заврши онака како што треба, и се надеван иншала наредната година да продолжи и да биде уште поубава и поорганизирана, изјави мутевелијата на Подгоречка џамија г-дин Реџоски Фатмир.
Во прилог на овој извадок-текст ви прикажуваме дел од забележаните фотографии од оваа наша свеченост.












