Заедничкиот ифтар по повод месец Рамазан претставува вистинско богатство, бидејќи како таков тој овозможува зближување на верниците, разменување на мислења и онаа најважното надополнување на знаењето поврзано околу исламот и пошироко.

Сусегана гратче во Италија, вечерва беше домаќин на еден прекрасен ифтар во организација на Подгорчани кои привремено претстојуваат и работа во ова земја.

 

Она по што овој  ифтар можеби беше поразличен од другите е тоа што истиот беше збогатен со присуството на тројца хафизи од населба Подгорци, ( хафиз. Каплан Капланоски, хафиз, Харун Капланоски, и хафиз Имран Капланоски) кои во овој мубарек месец изнајдоа време да ги посетат своите браќа во Италија и потсетат за големината на вистинските вредности на исламот, и сето тоа проткаено преку ( Dерс, читање на Куран и Хадис).

Свеченоста се оддража во просториите на џамијата CENTRO ISLAMICO EMANET, и во текот на вечерва предвидено е заедничко дружење разменување на мислења, како и кланање на ноќен намаз, во придружба на гореспоменатите хафизи, и се разбира со присуство на верници од Подгорци и околните места.

Посебна благодарност, Би сакале да му искажеме имамот на оваа џамија еф. Авнија Нурчески, кој овозможи и ја помогна оваа за нас многу важна свеченост и настан во овој мубарек месец Рамазан – стои во краткото известување испратено до редакцијата на Дубаи Портал.