На 24 декември минатата година (2022) на социјалната мрежа фејсбук, односно профилот на Месната Самоуправа Подгорци беше објавено известување за набавка на камион за собирање на ѓубре за потребите на Месната Самоуправа – Подгорци која стопанисува со собирањето на отпадниот и друг материјал.
Во истото известување беше наведено дека средствата ќе започнат да се собираат од 30.декември 2022 за време на џума намаз во двете џамии на ова населба , се разбира и подоцна доколку има заинтересирани граѓани кои сакаат да помогнат во неговото купување.
Меѓутоа како и секогаш добро или не добро запознати за тоа како одат и како треба да изгледаат работите, жителите на оваа населба во разговор со представници на нашата редакција веднаш по петочната молитва и почетокот на прибирањето на финснсиските средства, имаа поделено размислување, и еден куп дилеми.
Дилемите можат да се сведат на неколку прашања кои ги подтикнаа самите жители на населба Подгорци.
- 1.Дали граѓаните на населба Подгорци се должни да купуваат камион, и покрај тоа што Месната Самоуправа е таа која што стопанисува со оваа дејност ?
- 2.Дали Месната Самоуправа која стопанисува со оваа дејност и прибира средства (наплатува) за прибирање на ѓубрето е должна самата да набави соодветно средство (камион) за транспорт на отпадниот материјал ?
- 3.Дали Општината е должна да помогне или пак да учествува во активноста за купување на вакво средство ?
И уште еден куп размислувања на граѓаните на оваа населба.
Од тука оваа текст информација ја споделуваме како дел, преку кој сакаме да ги споделиме вашите размислувања и помогнеме во решавањето на овие дилеми.
Образложение:
Редакцијата на Дубаи Портал, не наметнува ниту едно од горе наведените прашања, туку истите се дел од забелешките на нашите жители преку кои се забележани овие прашања.









