Премиерот Ковачевски повика на лидерска средба за уставните измени и внесување на Бугарите во Преамбулата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача да не губи врме на теми кои го поларизираат општеството. Беса бара обединување на албанскиот блок за бришење на формулациата „20 отсто“, ДУИ смета дека треба да се анализираат сите недостатоци во Уставот.

Повикот за лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски до претседателите на сите парламентарни партии одново го актуелизира прашањето дали власта активно работи на обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за менување на Уставот и внесување на Бугарите во Преамбулата.

За отворањето на Уставот е потребно да гласаат 80 пратеници и е услов којшто го прифатија Бугарија и Македонија како дел од францускиот предлог за кревање на бугарското вето и одблокирање на почетокот на пристапните преговори на Македонија со Европската унија.

Бугарија пред неколку месеци го укина ветото за почеток на преговорите со ЕУ откако го прифати францускиот предлог, кој меѓу другото, предвидува бугарските услови да станат дел од обврските на Македонија кон ЕУ. Во јули годинава документот го одобри и македонскиот Парламент, кој значи внесување на Бугарите во Преамбулата, но и борба против говорот на омраза, ревизија на учебниците по историја и гаранции дека земјава нема територијални претензии.

Повеќе на РСЕ