Швајцарија воведе санкции за иранска компанија која испраќа дронови на руската армија

by Administrator

Швајцарската влада објави дека се приклучила на санкциите на Европската унија (ЕУ) против иранска компанија која обезбедувала поддршка со вооружени беспилотни летала на руската армија во руско-украинската војна, јавува Анадолија.

Во владиното соопштение беше објавено дека на листата на санкции е ставена иранската компанија Шахед Авиејшн Индустри, која испрати стотици беспилотни летала на руската армија по почетокот на војната. Дополнително, беа воведени санкции за генералот Мохамед Хусеин Багери, генерал Сеид Хоџатула Куреши и бригадниот генерал Саид Агаџани, меѓу највисоките функционери на иранската војска, врз основа на нивната поддршка за руската војска.

На гореспоменатите воени службеници им беше забранет влез во Швајцарија и им беше замрзнат имотот во таа земја. Утврдено е дека Русија користела 136 вооружени беспилотни летала од иранската марка „Шахед“ во нападите врз Украина, по што земјите од ЕУ одлучиле да воведат санкции за иранската компанија.

Фактор/Анадолија

You may also like