Нов скандал во Бугарија. По амбасадорите на Руската Федерација Елеонора Митрофанова и Никита Лешуков в.д амбасадор на Белорусија, кои според прес-центарот на бугарскиот парламент нема да бидат поканети на првата седница на 48. Народно собрание, закажано за 19 октомври, бугарски пратеници го покренале прашањето за присуството на конститутивната седницата и на македонскиот амбасадор во Софија.
Бугарски пратеници го поставиле прашањето дали и претставникот на Северна Македонија треба да влезе во Народното собрание во Софија, откако како што велат тие „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“.










